Во мај годинава неработни денови за сите граѓани се 1 мај (понеделник) – Денот на трудот и 24 мај (среда) – Ден на сесловенските просветители, соопшти Министерството за труд и социјална политика, реагирајќи на одредени написи во медиумите поврзани со неработните денови во мај 2017 година.
Потенцираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија и Програмата на неработни денови за 2017 година, покрај овие два неработни денови за сите граѓани, неработен само за граѓаните припадници на влашката заедница е 23 мај (вторник) – Национален ден на Власите.
Од МТСП потенцираат дека согласно Законот за празниците на Република Македонија и Програмата на неработни денови за 2017 година, 25 јуни (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни (понеделник) е неработен ден.
– Со оглед на тоа што со написите се создава забуна во јавноста ги повикуваме медиумите на внимателност при објавувањето на информациите поврзани со неработните денови и напоменуваме дека Програмата на неработни денови за 2017 година е јавен документ кој што е достапен на следниот линк: http://www.mtsp.gov.mk/programa-za-nerabotni-denovi.nspx , се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.