„Другари, другарки, дами и господа, неможам да го премолчам фактот што младите деца немаат основно средство за живот додека режимот манипулира со платформи и патокази за да го заштити својот голем криминал, да не дозволиме режимските кукавици кои дебело наплатуваат од својот фирер да не оттргнат од вистината за Македонија.
Ве повикувам сите заедно да се избориме за вистината!
1. Додека вие пишувате манифест, децата и граѓаните на Македонија не добиваат инсулинска терапија!
ТодорОФ засрамисе!
2. Образованието е во колапс! Студентите добиваат храна, само ако се блиски до системот!
3. Од културата направивте циркус!
Вистинските уметници и професионалнци ги попречувате да творат, ги деградирате по подруми и други импровизирани сцени, додека режимските кукавици иако неталентирани добиваат милионски хонорари, светот им се смее! Засрамете се!
Направивте вазали од уметниците!
4. Чесните земјоделци мака мачат, оние кои фирерот ги створи бројат милиони заработка!
5. Инфраструктурно и социјално државата попушта по сите шавови,
но режимот силно крои стратегија за меѓуетнички конфликти преку своите поданици!
Ги слушам режимските кукавици во секојдневните пропагандистички медиумски дебати како за дебели хонорари повикуваат на ултиматум.
“Да се биде или да се биде во одбрана на осомничениот фирер”
Ви одговарам вам послушници!
Мојата татковина Македонија ќе остане земја со која ќе се гордееме сите граѓани без разлика на кој идентитет припаѓаме, народот повеќе нема да се дели ниту по родова, полова, нити по етничка или било која друга припадност но криминалците мора да одговараат за своите постапки.
За живот во Македонија гласаа на изборите над 600.000 (шестотини илјади) граѓани.
Режимот е на колена!
Доаѓа живот во Р. Македонија“, се вели во соопштението на Един Јакуповиќ.