Одржано 19-то ЕП во крос-кантри

Од:

Во главниот унгарски град Будимпешта, вчера се одржа 19.то Европско првенство во крос-кантри на кое настапија околу 600 натпреварувачи од 35 држави поделени во шест дисциплини.

Македонија ја претставуваа тројца атлетичари: Кокан Ајановски, Александар Стојановски и Милош Ранчиќ.

По многу студено време и снежна патека победи во следниве категории постигнаа:

Младинки 4 км. – Амела Терзиќ (Србија),

Младинци 6 км. – Зумон Кулка (Полска),

Под 23 год. жени 6 км. – Џес Коулсон (Англија),

Под 23 год. мажи 8км – Хенрик Ингебринстен (Норвешка). Во оваа категорија од настапија Македонците, Милош Ранчиќ кој заврши на 93.место и Александар Стојановски кој беше 94-ти од вкупно 99 натпреварувачи.

Сениори 10 км. – Андре Лали (Италија). Во оваа категорија Кокан Ајановски го освои 84.то место од 92 натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

Холунд го освои златото на маратонот во крос-кантри на СП

Ана Ололовска