Мајсторки во четвртфиналналето во кошаркарскиот Еврокуп

Од:

Во второто по квалитет европско кошаркарско натпреварување Еврокупот, вечерва ќе се одиграат две мајсторки од четвртфиналето, по кои ќе бидат познати и последните две екипи кои ќе играат во полуфиналето на ова натпреварување.

Во Минхен кошаркарите на Баерн ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот со шпанската екипа Уникаха против која првата победа ја остварија пред своите симпатизери, додека Баварците беа поразени на гостувањето во Шпанија.

Иста е ситуацијата и во пресметката меѓу Валенсија и Химки од Москва, дуел во кој двете екипи ја искористија предноста на домашниот терен, која во мајсторката вечерва ќе ја има шпанскиот тим.

Победниците од вечерашните натпревари ќе им се приклучат на Локомотив Кубан и Хапоел Ерусалим кој во четвртфиналето ги елиминираа Зени и Гранд Канарија со 2-0 во победи.

Би можело да ве интересира

Обрадовиќ најдобар тренер во Еврокупот

Ана Ололовска