Конференција за човековите права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на движењето против хендикеп „Полио Плус“.
Со конференцијата започнува имплементацијата на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“, што го реализираат партнер организациите здружение ЛИНК од Босна и Херцеговина и Полио Плус од Македонија.
Како што информираат организаторите, на конференцијата се очекува да учествуваат претставници од министерствата за финансии и за труд и социјална политика и претставник на делегацијата на ЕУ во Македонија.