Обединети за фудбалот: Ѓорѓиоски да не го свикува нерегуларното Собрание на ФФМ

Од:

„Ја известуваме јавноста дека, ние Обединети за фудбалот, согласно нашата претходна активност и предупредувања до Претседателот на ФФМ да ги прекине дејствијата врзани за свикување на нерегуларно Собрание на ФФМ, ги известивме ФИФА, УЕФА и поедини домашни институции за конкретните прекршувања на Законот, Статутите на ФФМ, УЕФА и ФИФА.

Отсега, како и до сега, директна одговорност за она што натаму ќе се случува со македонскиот фудбал е на Претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, кој имаше доволно време да размисли за можните последици од огромниот број нерегуларности.

Истовремено ве известуваме дека Обединети за фудбалот во Македонија заедно со Општинскиот фудбалски сојуз на Тетово и уште неколку иницијативни одбори ќе одржи прес конференција во четврток на 16ти Февруари на која ќе бидат презентирани материјали кои ги потврдуваат нашите досегашни тврдења“ соопштуваат од Обединети за фудбалот.

Би можело да ве интересира

Обединети за фудбалот: Дали Ѓоргиоски зема 4.000 евра плата? Собранието на ФФМ во сабота е нелегално

Наум Локоски

Обединети за фудбалот: Одговорноста за се што му се случува на Македонскиот фудбал е на Ѓорѓиоски

Наум Локоски