Дискусија „Предизвици и патокази за младинската вклученост во Македонија“ денеска ќе се одржи во ЕУ Инфо центарот, во организација на Млади инфо интернационал.
Според организаторот, акцентот ќе биде ставен на социјалната, економската и политичката младинска инклузија, а ќе се разговара и за националните приоритети и идните чекори што треба да се преземат. Учесниците ќе зборуваат и за формирање регионална мрежа на младински банки.
Поголема вклученост на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво се едни од клучните цели на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, кој ќе се одвива во Србија, Албанија, Македонија и Турција.
Она што е заедничко за овие држави покрај кандидатскиот статус за членство во ЕУ, се ниската младинска вклученост во донесувањето одлуки на локално ниво, како и креирањето јавни политики, што во мал процент ја поттикнуваат младинската инклузија во рамки на едно општество.