Србија и Словенија бараат заедничка организација на ЕП 2019 за кошаркарки

Од:

Словенија и Србија официјално ќе поднесат кандидатура за организација на Европското првенство во кошарка што треба да се игра 2019 година.

Како што соопшти Кошаркарскиот сојуз на Србија, договорено е по две групи да се играат во Словенија и Србија, а завршницата во „Белградска Арена“.

– Заедничката кандидатура е логичен резултат на одличната наша соработка, изјави претседателот на КСС Драган Џилас.

Србија е европски шампион, а Словенија земја во која женската кошарка е во експанзија. Сигурен сум дека, ако биде прифатена нашата кандидатура, ќе го имаме најдоброто и најпосетеното  ЕП, додаде првиот човек на српската кошарка.

И претседателот на Сојузот на Словенија, Матеј Ерјавец, исто така, ја нагласи одличната соработката меѓу двете организации.

– Ние веруваме дека заедно можеме да направиме најдобра организација на евро-шампионатот. Одлуката да конкурираме за организацијата врз основа на фактите кои сакаме да ги поддржиме нашите кошаркарки кои успеале да постигнат историски успех и да се пласираат на ЕП 2017. Со евентуално добивање на организацијата на ЕП 2019, словенечките репрезентативки ќе имаат натпревари од највисоко ниво пред домашната публика, истакна Ерјавец.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска