Дончев: Наместо споменици ќе преземеме мерки против загадувањето

Од:

Носителот на кандидатската листа за ИЕ 1 Ден Дончев на Коалицијата ВМРО за Македонија денеска се сретна со граѓаните на Аеродром и на Кисела Вода со кои разговараше за платформата на дејствувањето на коалицијата која се однесува и иселувањата, загадувањето на воздухот и „киднапираниот“ спорт…

– Иселувањето на младите е резултат на погубните политики на владата на ДПМНЕ. Како да зборуваме за проблемот на напуштањето на просторите на малите и неразвиени општини и мерки за рамномерен развој кога се празнат и најголемите и најбогати општини. Време е да кажеме стоп за иселувањата. Вториот проблем е загадувањето, проблем со чии последици се соочува и градот, како и поголемиот дел од државата. Жителите овде плаќаат највисоки комуналии и наместо инвестирање во мерки за заштита од загадувањата на воздухот во Аеродром и во Ново Лисиче, сведоци се само на непродуктивни инвестирања на нивните пари. Мора веднаш да запре инвестирањето во споменици за да се задоволи егото на политичар кој решил со туѓи пари да остави сопствен белег за наредниот милениум и да се преземат мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Оваа власт успеа да не стави на први места на неславните светски листи на најголемите загадувачи. Третиот проблем е спортот – преку МЗТ спортот во оваа општина е „киднапиран“ од таканаречениот бинзисмен Самсоненко кој чувствувајќи ги ветриштата на промените сега почнува да се повлекува од овдешните бизниси и спортски обложувалници – истакна Ден Дончев.

Би можело да ве интересира

Дончев: Ќе има нов начин на функционирање на системот на квотите за лекови

Наум Локоски