Грчката компанија за храна „Крета Фармс“ од јануари влегува во Македонија

Од:

Грчката компанија за храна „Крета Фармс“ од следната година влегува и на македонскиот пазар, соопшти компанијата.

Производите ќе се пласираат во супермаркетите во Македонија од јануари преку стратегиски договор со локален партнер.

Во соопштението, „Крета Фармс“ истакнува дека одлуката е донесена врз основа на исклучителните резултати за широкото прифаќање на нејзините „Ен Елади“ производи во Република Македонија, серија производи со кои фирмата е лидер во Грција.

– Влезот во Република Македонија, во комбинација со Романија и Бугарија, создава плодна почва за понатамошно развивање на активностите на ‘Крета Фармс’  во поширокиот регион на Балканот“, велат од компанијата.

Фирмата информира дека двете страни ќе поддржат одредена рекламна кампања и истакнува дека нејзин партнер во Република Македонија е еден од најголемите дистрибутери во земјата кој опфаќа мрежа од 2.581 продажни места.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски