Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и поранешниот австриски канцелар Вернер Фајман синоќа одржале таен состанок во Виена во врска со можноста кандидатот на десницата Норберт Хофер да победи на претстојните избори во Австрија.
Виенскиот дневен весник „Кронен Цајтунг“ ги фотографирал Шулц, Фајман и германскиот вице-канцелар Зигмунд Габриел во виенската кафитерија Landtmann.
Шулц допатувал во Виена во понеделникот за да разговара со Фајман и Габриел, а темата, според тврдењето на весникот, се претстојните избори во Австрија.
Можно е, според весникот, социјалдемократите да работат на заедничка стратегија за поддршка на кандидатот Александер ван дер Белен во последните денови на изборната кампања.
Не е тајна, додава весникот, дека највисоките политичари на ЕУ сакаат победа на Ван дер Белен на претседателските избори во Австрија, закажани за 4.декември.
„Ако екстремната десница во Австрија и Европа победува ќе се смени карактерот на Европа. Мнозинството на луѓе во Европа не ги сака таквите промени. Тое е, меѓутоа, тивко мнозинство луѓе кое прифаќа дека тие што сакаат граници победуваат на избори“, изјави неодамна Шулц.