Капитенот шеф Бобан Билбиловски и шеф Игор Атанасов освоија четири бронзени медали на 5. меѓународен гастрономски фестивал „Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина” 2016 што се одржа од 23-26 ноември во градот Широки Бријег.
Готвачите на Гастро Мак учествуваа во двете категории на напреварот – Подготовка на национално јадење на модерен начин и во категоријата подготовка на риба и десерт.
Под менторство на тимот на Гастро Мак, професорката Сузана Лековска и директорот Александар Бачевски, на натпреварот учествуваше и тимот ученици од Средното стручно училиште „Моша Пијаде“ од Тетово. Учениците кои во најдобро светло го презентираа своето училиште се Николина Крстевска, Бране Јовановски и Стефан Столески. Тие се натпреваруваа во јуниорска категорија.
Во силната конкуренција од целиот регион, Јовановски го освои сребрениот медал во категоријата подготвување на јадење од риба, а Крстевска и Столески ги добија дипломите за покажаното знаење и вештини.
Претседателката на ГАСТРО МАК Адријана Алачки истакна дека учеството на тимот и поканата до учениците од Тетово да се придружат во претставувањето на Република Македонија на „Босански дукат – Вкусовите на Херцеговина” е уште една успешна приказна во остварувањето на програмските цели на Здружението да дава придонес во промоцијата на нашата земја како туристичка дестинација со богата гастрономска понуда по која сме препознатливи во светот.