(ВИДЕО) Дончев: После 10 години владеење, Груевски успеа да ги уништи малите претпријатија кои се борат за егзистенција

Од:

Во Градскиот трговски центар имавме прилика да се увериме и на дело да ги видиме реалните последици од микороекономската политика и односот кон малите и смејни бизниси и претпријатија од страна на ДПМНЕ, Никола Груевски и неговото семејство, рече носителот на кандидатската листа во изборната единица 1 од коалицијата ВМРО за Македонија, Ден Дончев.

– За иронијата да биде поголема, еден од главните креатори на таа микроекономска политика е „големиот вмровец“, Амди Бајрам. Односот на оваа влада кон домашните инвеститори, кон малите семејни претпријатија и бизниси на дело покажа многу лоши резултати. Овде во ГТЦ, пред 10-15 години домашните инвеститори кои се преку 85% од самиот ГТЦ. Ако ги купувале локалите по 2-3 илјади евра од метар квадратен, денеска е прашање дали можат да ги продадат по 500 евра на квадратен метар, рече Дончев.

Според него, Груевски после 10 години владеење успеал да го уништи главниот приход на малите и средни претпријатија кои се борат за егзистенција.

– Затоа, мора да ставиме стоп на овој однос кон домашните инвеститори и да сфатиме дека успешна и просперитетна економија има улога и за странски инвеститори, но почнува пред се со односот кон домашните инвеститори, претпријатија, домашните чесни и трудољубиви граѓани, рече Дончев.

Би можело да ве интересира

Бошкоски: Ќе иницираме измена на Законот за бранители

Ана Ололовска

Ден Дончев: Егзодусот на младите мора да запре

Ана Ололовска

Ден Дончев: ќе ги преземе сите потребни мерки Пензискиот фонд да биде стабилен

Ана Ололовска

Георгиевски: Наши аргументи се претходната работа и новата програма

Ана Ололовска

ВМРО за Македонија ја поддржува декларацијата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари

Ана Ололовска

Ден Дончев: Ќе и ставиме крај на урбаната мафија!

Ана Ололовска