Во врска со можното коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, од Коалицијата „ВМРО за Македонија“ велат дека тие се три посебни субјекти и дека не треба да се поврзуваат ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак со опозициската СДСМ.
-Коалицијата „ВМРО за Македонија“ не треба да се гледа преку призмата на левица ниту пак на десница. Идејата на оваа опција е за луѓето кои не сакаат ни да го видат ниту пак да го чујат СДСМ, а од друга страна се премногу разочарани од ВМРО-ДПМНЕ и нормално за оние кои се независна структура, вели лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.
Георгиевски изјави дека идејата за голема коалиција после изборите е извесно прашање и реална опција како ќе заврши сето ова.
Лидерот на ОМ пак вели дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се во фактичка коалиција, но тоа никој не го приметува.
-Ние сме три посебни субјекти и ние нудиме решенија денес за проблемите со кои се соочува Македонија.
Не знам зошто не држите во заложничка драма дека ние припаѓаме на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, вели Бошкоски додавајќи дека тие како Коалиција имаат сила да им покажат на граѓаните дека можат да ја извлечат Македонија од тешката морална и економска криза, рече Бошкоски.
Виктор Јованов