Фоторепортерите Маја Златевска од „Дневник“, Огнен Теофиловски од „Вест“ и Ѓорги Личовски од „Сакам да кажам“ се добитници на наградите за најдобри фотографии на тема „Бегалски бран во 2015“ на конкурсот на Здружението на новинари на Македонија.
Наградите беа доделени синоќа на свеченост во Музејот на Македонија, каде беше поставена и изложба со најдобрите 50 фотографии на конкурсот.
Фотографиите прикажуваат искуста на бегалците, мигрантите и барателите на азил. Треба да придонесат за запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со бегалците.
На огласот беа пријавени над 20 фоторепоретри.
ЗНМ го распиша конкурсот во соработка со Амбасадата на САД, Канцеларијата на УНХЦР во Скопје и Македонското здружение на млади правници.