На „Ало докторе“ за една недела 1.212 повици

Од:

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите седум дена (од 7 ноември до 13 ноември) имало 1.212 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година, кога почна да работи линијата, досега имало 119.275 повици. 

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за совети поврзани со кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки и симптомна болка.

На лицата кои побарале здравствена помош на линијата „Ало докторе“ им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ за една недела 1.170 повици

Емир Латифовиќ

Вкупно 1.272 повици на „Ало докторе“ за една недела

Емир Латифовиќ

На „Ало докторе“ за една недела 1.322 повици

Емир Латифовиќ