ОН: Од почетокот на операцијата во Мосул скоро 34 илјади Ирачани беа принудени да ги напушат нивните домови

Од:

Речиси 34 илјади Ирачани беа принудени да ги напуштат нивните домови од почеткот на операцијата за преземањето на градот Мосул од ИД на 17 октомври, соопшти Службата за координирање на хуманитарните прашање на ОН.

Како што јави ТАСС, ОН е длабоко вознемирена за судбината на цивилите во зоната на конфликтот. 

Во соопштението се потенцира трагичната смрт во провинцијата Киркук, на 18 лица кои биле принудени да ги напуштат нивните домови во округот Хауиџа. 

Според податоците на ОН, тие загинале минатиот петок при напад на камион во кој ги превезувале ирачките војници. 

Координаторката за хуманитарна прашања на ОН во Ирак, Лиз Гранде, изјави дека сите страни во конфликтот се должни да направат се што е можно со цел да ги заштитат цивилите.

Би можело да ве интересира

Околу 670.000 бегалци од Мосул се уште не се вратени во своите домови

Наум Локоски

Откриени се две масовни гробници покрај затворот на ИД во Мосул

Наум Локоски

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Наум Локоски

Ирачките власти во Мосул уапсиле германска тинејџерка припадничка на ИД

Наум Локоски

Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Наум Локоски

ЕУ: Ослободувањето на Мосул одлучувачка етапа во борбата против тероризмот

Наум Локоски