Со натпреварот кој се одигра синоќа во малата сала на СРЦ „Кале“, меѓу Вардар и Бадел 1862 започна женскиот кошаркарски шампионат на Македонија.
Во премиерниот натпревар актуелниот шампион Бадел 1862 ја оправда улогата на фаворит па во дуелот со дебитантот во Првата лига, ЖКК Вардар, забележа убедлива победа со 75-30.
Баделки уште на стартот на новата сезона во мак-баскетот покажаа дека и годинава имаат амбиции да ја продолжат доминацијата во домашниот шампионат.
На другите натпревари од 1.коло кои на програмата се утре ќе играат. Студент- Пелистер, Струга 2009 – Трокал и МНА Кожувчанка – Клубски.
Слободна во ова коло е екипата на Шкупи.
Претстојниов викенд ќе стартуваат и натпреварите во Втората и Третата лига кај мажите, а треба да започнат и натпреварите во младинска конкуренција, додека стартот на Првата лига е пролонгиран, поради барањето на клубовите за свикување на Вонредно собрание на кое ќе треба да се надминат несогласувањата на релација Управен одбор на МКФ и клубови.