Ирачките сили денеска влегоа во седиштето на таканаречената Исламска држава (ИС) во Ирак, во градот Мосул, првпат во последните две години, а на неговите улици се водат жестоки борби, дознава Си-Ен-Ен.
Портпаролот на ирачкото Министерство за одбрана изјави дека единиците на 9.дивизија на ирачката војска влегле во градот, што претходно го опколија.
Пробојот на источната граница е најзначајниот пробој во офанзивата, почната пред две недели, за ослободување на овој клучен град од припадниците на ИД.
Официјални претставници предупредија дека влегувањето во Мосул може да ги предизвика досега најжестоките борби меѓу припадниците на ирачката војска и припадниците на ИД.