Со дербито Вардар – Бадел почнува новата сезона во Првата лига за кошаркарки

Од:

Со натпреварот Вардар – Бадел 1862 закажан за вечер од 19 часот ќе биде отворена сезоната 2016/17 од Првата кошаркарска лига за жени. Средбата ќе игра во салата на КК Вардар под Кале.

Новиот член на Првата лига, тимот на Вардар, предводен од искусните Едина Муса и Драгана Јоловиќ ќе се обиде да го изненади најдобриот тим во македонската кошарка во последните неколку години екипата на  Бадел 1862, сезонава засилен со нашата репрезентативка повратничката од странство Митрашиновиќ.

Баделки секако според искуството и квалитетите се фаворитки во дербито, но домаќинките со добра игра ќе се обидат да ги потврдат амбициите за висок пласман во дебитантската сезона во Првата лига.

Во другите средби од 1 коло во Првата лига жени кои се играат викендот се среќаваат:
Студент – Пелистер
МНА Кожувчанка – Клубски (сабота) и
Струга – Трокал (недела).

Викендов ќе започнат натпреварите во сезоната 2016/2017  и во Втората и Третата лига мажи, додека останува неизвесен стартот на Првата лига за кошаркари.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска