ОН не располагаат со податоци за жртви меѓу цивилното население во текот на операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од терористите на групата Исламска джрва (ИД), изјави вечерва во Њујорк портпаролот на Светската организација, Стефан Ѓужарик.
– Во моментов немаме никакви податоци, Кога ќе добиеме податоци од високиот комесар на ОН за човекови права или од Координативото тело за хуманитрани прашања, ние ќе ги објавиме, рече Ѓужарик.
Како што јави ТАСС, претходно денеска началникот на Главната оперативна управа при Генералштабот на руските Вооружени сили, Сергеј Рудској соопшти дека во последните три деноноќија при воздушните напади на авионите на антиџихадистичката коалиција предводена од САД врз цели во Мосул, загинале над 60 цивили, а повече од 200 биле ранети.