Генерал Герасимов: Операција против ИД во Мосул се уште не почнала

Од:

 Операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од борците на Исламска држава  „во суштина“ уште не почнала, изјави денеска началникот на Генералштабот на вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов, јави ТААС.

– Од целата бука на западните телевизии треба да разбереме дека самата операција всушност се уште не почнала. Гледаме само фокусираност на копнените групи и гранатирање со реактивна артилерија и авијација врз објекти во градот, истакна Герасимов.

Претходно беше соопштено дека копнената операција во Мосул почнала во понеделникот утрото, а во неа учествуваат ирачки владини сили, курдските милиции и меѓународната антитерористичка коалиција. Според ирачката воена команда ИД има од 5.000 до 6.000 борци.
Герасимов истакна и дека е можно да има договор борците на ИД непречено да го напуштат Мосул и да се насочат кон Сирија.

– Се надеваме дека нашите партнери од меѓународната коалиција знаат дека тоа ќе доведе до големи бандитски формации во Блискиот Исток. Поради тоа терористите не треба да бидат протерувани од една во друга земја, туку да бидат елиминирани на самото место, наведе Герасимов. 

Би можело да ве интересира

Околу 670.000 бегалци од Мосул се уште не се вратени во своите домови

Наум Локоски

Откриени се две масовни гробници покрај затворот на ИД во Мосул

Наум Локоски

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Наум Локоски

Ирачките власти во Мосул уапсиле германска тинејџерка припадничка на ИД

Наум Локоски

Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Наум Локоски

ЕУ: Ослободувањето на Мосул одлучувачка етапа во борбата против тероризмот

Наум Локоски