Прв меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016”

Од:

Преку 100 готвачи од Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка и Шведска ќе учествуваат на првиот меѓународен гастрономски натпревар „Македонија 2016“ што се одржува денеска и утре на Скопски саем.

Поделени во јуниорски и сениорски категории, мајсторите на кујната поединечно и тимски ќе се натпреваруваат во повеќе категории за што подобар пласман, влез во финалето и освојување на престижниот пехар „Македонија 2016”.

Натпреварувачките боксови ќе бидат во функција над 200 пати што ќе претставува вистински празник за готвачите и за посетителите. Во категоријата „јуниори“ ќе се подготвуваат: национално јадење на модерен начин (екипно) и паста во поединечна конкуренција, додека во сениорската национално јадење на модерен начин и јадење од риба, но во двата случаја индивидуално. Ќе се подготвува и јадење од пилешко месо.

За изборот на најдобрите готвачи се задолжени меѓународни судии, а натпреварот ќе го следат и гости од Израел и Египет.

„Македонија 2016” го организира Здружението на готвачи ГАСТРО МАК, членка на Светската асоцијација на шефови на кујни (WACS) од 17-20 октомври, но натпреварувачкиот дел е денеска и утре од 8 до 20 часот. Паралелно, во двата натпреварувачки дена во халата 4 на Скопски саем ќе се одвива и ревијален дел со многу работилници и готвења во живо од познати шефови на кујни.

Според организаторите, за натпреварот се пријавиле и многу ученици и студенти од угостителските училишта и факултетите за туризам и гастрономија во Македонија.

– Универзалната професија „готвач“ и во нашата земја од ден на ден станува се поатрактивна. Се надеваме дека јавноста ќе го препознае нашиот обид да придонесеме во поместување на стандардите на професијата и презентација на македонската гастрономија на светската мапа на гастрономски нации, наведува ГАСТРО МАК.

Би можело да ве интересира

„ГастроМак 2019“ од 10 до 14 октомври во Охрид

Ана Ололовска

Професионални практики во гастрономијата за подобра туристичка понуда на Охрид

Ана Ололовска

Златен медал за крушевски ученици на меѓународен натпревар по гастрономија во Хрватска

Ана Ололовска

Меѓународен кулинарски натпревар ГастроМак Македонија 2017

Ана Ололовска

Интернационален кулинарски натпревар „ГастроМак 2017“ од недела во Струмица

Ана Ололовска

Македонски готвачи со четири медали на „Босански дукат 2016“

Ана Ололовска