ВМРО-НП бара опција „Не гласам за никој“ на гласачкото ливче

Од:

По барањето мерки од владата за заштита и превенција од евентуална нуклеарна војна, ВМРО-Народна партија повторно со соопштение во кое сега бара гласачко ливче со опција “не гласам за никој“

– На гласачкото ливче покрај досега стандардно утврдените законски прописи за неговата форма и содржина, каде што стојат името и логото на политички партии и коалиции, задолжително да се додаде и можноста: „Не гласам за никој“

ВМРО-Народна партија смета дека со оваа можност реално ќе се види колкав е бројот на граѓани кои не веруваат во ниедна политичка опција, а притоа ќе се одбегне можноста да бидат обележани дека не гласале, а со тоа и да не бидат изложени на притисок од големите политички партии. Со ова големиот процент на неважечки ливчиња кој се движи помеѓу 3 – 4% од вкупниот број на излезени гласачи, значително ќе се намали. Исто така, целосно ќе се елиминира и можноста, членовите на гласачките одбори при броењето на гласови со едно пречкртување на важечкото гласачко ливче да го претворат во неважечко, со што се има директно влијание на крајниот резултат на гласањето, пишува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: И натаму владее хаотична состојба во поплавените подрачја

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП изрази сочуство за жртвите од невремето

Емир Латифовиќ

ВМРО – НП: Во кое својство претставници на ВМРО – ДПМНЕ следат владини проекти

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Парламентарните избори да се одржат заедно со локалните

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Ако не се прочисти Избирачкиот список да нема избори

Емир Латифовиќ

ВМРО-Народна: Каде се ветените проекти на ДПМНЕ?

Емир Латифовиќ