Пејачката Љупка Димитровска-Калоѓера почина во 70 година од животот, вчера во попладневните часови, по кратко и тешко боледување, соопшти во вторник Хрватската музичка унија.
Љупка Димитровска Калоѓера е родена во 1946 година во Скопје. Беше великан на забавната музика и шлагерите на просторите на поранешна Југославија, а врвот на својата кариера го достигна 70-сеттите и 80-сеттите години.
Својот прв албум насловен „Љупка“ го објави во 1975 година.
Легендарната пејачка мина речиси половина век на музичката сцена, оставајќи зад себе бројни незаборавни песни, меѓу кои и големиот хит „Ѕвона ѕвонат“.
Токму како изведувач на шлагери ги постигна најзапазените успеси, освојувајќи бројни награди на фестивалите ширум поранешна Југославија, но и на меѓународни фестивали во Источна Германија, Чехословачка, Грција, Франција и многу други земји.
Последното испраќање ќе биде во кругот на семејството.