Кралството Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар, на сметка на исламскиот, според кој годината трае 354 дена.
Кралот Салман ја одобри таа одлука, која, меѓу другото значи и редефинирање на работните навики. Но, тоа со себе повлекува и годишно намалување на платите, поради зголемениот број работни денови во годината.
Овој потег е во насока на мерките за штедење кои уследија по падот на цените на нафтата, а кои значат и помалку платени празници, како и снижување на платата на владините претставници и државните службеници.