Бесплатна логопедска недела за деца

Од:

Со цел намалување на децата со говорни проблеми и помош на сите оние кои имаат потешкотии, здружението Интеракција плус, од утре започнува бесплатната логопедска недела за деца.

Тимот од дипломирани логопеди и дефектолози низ игра, преку играчки, постери, боенки, сликовници, енциклопедии и други изданија, но и преку други реквизити и помагала ќе го разгледа секој случај поодделно и ќе предложи терапија и третман за секое дете посебно.

Сите прегледи се бесплатни, а вежбите се одвиваат во попладневните часови во просториите на дружението Интеракција плус, кое се наоѓа во непосредна близина на Универзалната сала во Скопје.

Би можело да ве интересира

Бесплатни прегледи за децата со говорни проблеми

Ана Ололовска

Нови 13 дефектолози за училиштата во Карпош

Ана Ололовска

Саем на наставни средства

Ана Ололовска