Согледувајќи го фактот што и по поминување на подолг временски период од катастрофалните поплави кои зафатија дел од територијата на општина Гази Баба, се уште владее хаотична состојба и неорганзираност на адекватен начин да се помогне на жителите од населените места зафатени од поплавите ВМРО Народна Партија Гази Баба предлага наместо досегашниот популизам од власта, под итна постапка да се превземат повеќе пакет мерки од надлежните институции со што би им се помогнало на настраданите жителите, и тоа:
Итно донесување на одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште/комуналии за подрачјата кои беа зафатени од поплавите со што би се овозможило услови за брза санација, доградба , надградба на оштетените објекти или изградба на нови објекти.
Да се донесе одлука за бесплатно доделување на 10м3 огревно дрво на секое домаќинство од населените места зафатени со поплавите.
Да се донесе одлука за времено ослободување од ддв на градежни материјали (цемент, цигли и др) потребни за санација, доградба, градба на оштетените објекти зафатени со поплавите
Ослободување за плаќање на данок на имот во рок од 5 години за објектите (куќи, дел.простор) и земјоделското земјиште зафатени со поплавите.
Со огледа дека помошта на настраданите е максимално потребна вмро народна партија – гази баба уште еднаш ги повикува сите надлежни институции да престанат оваа несреќа на нашите сограѓани да ја политизираат и максимално сериозно да пристапат кон реализација на горенаведените предложени мерки.