Локалната самоуправа на општина Крива Паланка ги отпочна активностите за доизградба на „Пазарската патека“ во минор коритото на Крива Река, во централното градско подрачје која ќе се протега се до т.н Виолетов мост.
– Постојната „Пазарска патека“ во должина од 240 метри ќе биде продолжена за нови 450 метри, со што добиваме рекреативна пешачка зона во кејот на реката, но и функционална патека која граѓаните ја користат во саботите, кога е пазарен ден во градот и го избегнуваат метежот на главната улица, рече градоначалникто на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Градежните активности отпочнаа со изградбата на мостот во вид на свод кој е на самито влив на Дурачка во Крива Река.
– По изградбата на патеката просторот ќе биде уреден хортикултурно , со канделабри и останата урбана опрема целиот терен во кејот, со што ќе добиеме своевидна парк-зона во мајор-коритото на реката, дополни Алексовски.
За оваа намена се издвоени 1.6 милиони денари од буџетот на општината.