Македонскиот бадминтон играч Петар Живковски ја исполни квотата да учествува на „Babolat International“ во организација на Светската бадминтон федерација BWF кој ќе се одржи од 6 до 10 октомври во Софија.
Живковски во категорија У17 во машки сингл на турнир во Софија го освои второто место и сребрениот медал и со тоа избори учество на „Babolat International“.
На турнирот покрај Македонија учествуваа натпреварувачи и од 8 други земји: Бугарија, Турција, Грција, Грузија, Молдавија, Србија, Азербејџан и Романија.
Покрај Живковски, од македонските натпреварувачи во Софија учествуваа уште и Ристеска Елена, Стојанов Леонид и Стефановска Ива. Тие во женски и машки дубл стигнаа до четвртфиналето.