Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Од:

Никој не очекува дека онлајн системите за преведување треба да бидат идеални, но исто така, не би требало терористичките организации да ги изедначува со државите. Токму тоа се случи на пребарувачот на „Мајкрософт“ „Бинг“, што ја налути Саудиска Арабија.

Високи државни функционери од Ријад се налутија откако „Бинг“ го преведе зборот „Даеш“ (арапски акроним за Исламаска држава) во „Саудиска Арабија“. Откако грешката е откриена, Саудијците повикува на бојкот на пребарувачот. На државните власти им се придружи и јавноста, која своето незадоволство го изрази и на социјалните мрежи. Така на Твиер на една кратка видео-снимка пишуваше: „Саудискиот народ едногласно: Бинг е бојкотиран“.

Од „Мајкрософт“ рекоа дека „инцидентот се испитува“, и дека „грешката е исправена во рок од неколку часа“.

Грубата грешка на ИТ гигантот дојде во сенка на меѓународните сомневања и  обвинувања дека Саудиска Арабија е главен финансиер на сунитскиот екстремизми во светот, пишува „Раша тудеј“ и потсетува на сомнението за вмешаност во нападот на Кулите близначки во 2001 година. Рускиот сервис посочи и на извештајот на „Викиликс“ од 2009 година, кој откри дека официјален Ријад е „главен финансиер на Ал Каеда, на сунтискиот ектремизам, талибанците и другите терористички групи“. 

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ

Арапската лига го отфрла курдскиот федерален проект во Сирија

Емир Латифовиќ