Милевски: Подготвени сме за следните предизвици

Од:

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски денеска одржа брифинг со новинарите пред двата важни натпревара од тековните квалификации против Шкотска и Северна Ирска. Тој рече дека неговите избраници ќе се обидат да ги повторат добрите игри од досегашните настапи.

– Ние сме подготвени да продолжиме таму каде што застанавме. Не случајно имаме речиси ист список на повикани фудбалери, ростерот е тој што играше на поголемиот дел од квалификациите и наша определба ќе биде да се обидеме да продолжиме со добрите игри и резултати. Нормално дека ќе се обидеме да победиме, свесни дека не очекува тежок натпревар во Шкотска, но ние влегуваме со ист пристап, без разлика дали играме со Франција, Шкотска, Северна Ирска или било кој друг, вели селекторот Милевски.

Тренираме редовно, играчите кои имаа натпревар добија мала поштеда, како Бејтулаи и Мурати, исто и Пивковски кој ни се приклучува денеска. Најверојатно стартери ќе бидат тие кои беа во најтесниот круг на натпреварот со Украина, освен Ангелов кој е повреден и дополнително ќе одредиме кој ќе почне на негово место, додаде предводникот на „црвено-жолтите“.

Според него, Македонија треба да ја игра својата игра, а дали ќе биде доволно тоа за победа ќе покаже резултатот.

– Одиме од натпревар во натпревар, секогаш одиме да победиме, така ќе биде и сега, а после натпревар ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за победа или нерешен резултат. Ние нема да го менуваме начинот на игра, ова е единствениот начин на кој знаеме да играме и така ќе биде до крај, заврши Милевски.

Македонија на 2 септември и гостува на Шкотска, а четири дена подоцна ја пречекува Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Фудбал У-19: Македонија на контролни средби со Кипар

А1он

Ангеловски го објави списокот на фудбалери за дуелот со Албанија

А1он

Милевски: Македонија има сила и квалитет за нов успех

А1он