Застрашувачки облак во вид на печурка ги исплаши жителите на регионот Кемерово во Сибир кои првично мислеа дека се работи за нуклеарна бомба.
Ретката и застрашувачка глетка поттикна загриженост кај локалните жители, кои откако сфатија дека не се работи за нуклеарна бомба, почнаа да стравуваат дека можеби имало експлозија во еден од многуте рудници за јаглен по кои е познат регионот, со оглед дека од облакот доаѓаше силна светлина како по експлозија.
Службите за брзи интервенции брзо го смирија локалното население, велејќи дека “чудото во облик на облак“ не е ништо повеќе од обичен дожд над кој е формиран облакот. Нема никакви инциденти или тековни пожари кои се пријавени во текот на денот, објаснуваа од пред службата службата.
Природниот феномен можеше да се забележи во различни делови на Кемерово.