Дивеч пустоши земјоделски посеви во дебарските погранични села

Од:

Во неколку дебарски погранични села дивеч ги пустоши земјоделските посеви.

– Станува збор за чопор од диви свињи и мечка. Мечката е заштитена, а останатиот дивеч не можеме да го застрлуваме зашто не е ловна сезона. Доколку не се превземе нешто целиот труд ќе ни биде за бадијала, вели Дилавер Дема, од селото Коњаре.

Тој додава дека сопственици на земјоделски посеви, со пченка и градинарски култури, во атарите на ова, како и селата Спас, Селокуќи, Шулан, кои се во близина на македонско албанската граница, имале средба со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и со Началникот на граничната полиција, Регионален центар-Запад, Џелал Љата.

На средбата, надлежните ветиле  соодветни мерки за заштита од дивечот.

Би можело да ве интересира

На пет ловишта во делчевско почна сезоната на крупен дивеч