Српската актерка Мирјана Карановиќ ја прекина во неделата вечер претставата “Авети“ на фестивалот “Град театар“ во Будва поради неколкумина во публиката кои правеле врева.
Карановиќ се симна од сцената и се упати кон луѓето во публиката кои вревеа.
-Што е работата? Во што е проблемот? Што правите овде? Зарем ова е култура?им се обрати актерката лично, но од другата страна само молк и немаше одговор.
Актерката потоа се врати на сцената и со поддршка на публиката и останатите актери продлжи со претставата. Доби громогласен аплауз и мнозинството од публиката го одобри нејзиниот потег.
Карановиќ е позната како многу директна личност кои проблемите ги решава по брза постапка. Актерот Слободан Бештиќ за ТВ Будва кажа дека тоа било единственото решение за да може да се реализира претставата.