Сочувство од Груевски до Оланд и Валс за терористичкиот напад во Ница

Од:

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, до премиерот Мануел Валс и до семејствата на настраданите во терористичкиот напад во Ница.

– Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ. Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно, се наведува во телеграмата.

Темелите на кои се базира нашата цивилизација, како што потенцира Груевски, не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени.

– Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција, пишува Груевски во телеграмата.

Би можело да ве интересира

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

Фудбалер на Ница се заканува дека ќе скокне од мост

Во Ница се преврте вагон на туристички воз, повредени се 11 лица

Ница го сака на позајмица Николас Пепе од Арсенал

Во Ница приведени уште четири лица поради терористичкиот напад

Ана Ололовска

И Ница воведува дополнителни мерки за заштита од коронавирусот

Ана Ололовска