На „Ало докторе“ за една недела 1.170 повици

Од:

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 4 јули до 10 јули) имало 1.170 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи телефонската линија, досега, имало 101.990 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни, респираторни симптоми, главоболки, алергиски реакции и симптомна болка.

На сите лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ за една недела 1.212 повици

Емир Латифовиќ

Вкупно 1.272 повици на „Ало докторе“ за една недела

Емир Латифовиќ

На „Ало докторе“ за една недела 1.322 повици

Емир Латифовиќ