Лидерска средба нема, преговорите продолжуваат

Од:

И денеска специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл е во Скопје, во обид за договор за излез од политичката криза. Нема услови за нова лидерска средба, но денеска партиски претставници од пржинската четворка треба да се сретнат за да ги продолжат преговорите за спроведување на овој договор.

Тие треба да најдат решение за реформи во медиумите и за моделот на прочистување на избирачкиот список.

Хандл вќера имаше средба со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој отпатувал на свадба во Италија со семејството.

Вчера, по средбата со Хајндл, од СДСМ соопштија став дека нема време за губење и оти е неопходно брзо решение за политичката криза.
„И за Избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејки на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а што може да не зависат од политичките партии“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на Хајндл му потенцирал дека се залагаат за брзо решавање на кризата.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера изјави дека по средбите на македонските политички лидери со Хајндл и со заменичката на државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, работите околу можните решенија за излез од политичката криза и датумот за избори ќе бидат извесни.

Од ВМРО-ДПМНЕ, соопштија дека била постигната согласност дека е потребен конструктивен пристап и отвореност на сите политички чинители.
„Изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани“, се вели во соопштението од владејачката партија.
На Хајндл ова му е четврта посета во краток временски период со цел решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За правдата не планирам компромис, нема ново Пржино

Ана Ололовска

Среда 31.08. „среќно“ за политичкиот дијалог?

А1он

(ВИДЕО) Тачи: Оживувањето на Пржинскиот договор можеби ќе биде неуспешно

А1он