Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да одвои 10 милиони евра за ангажирање на фудбалерот на Рома, Адем Љајиќ, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров.
Српскиот фудбалер Адем Љајиќ неодамна ја одби понудата на тренерот Синиша Михајловиќ да потпише за Торино, а сега останува да се види како ќе реагира на желбата на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој сака да го види во својот состав.
Со оглед на тоа што Љајиќ влегува во последната година од договорот со Рома, големи се шансите „римската волчица“ да даде зелено светло за овој трансфер.
24-годишниот српски фудбалер потекнува од Партизан, а потоа настапуваше за Фиорентина, Рома и минатата година за Интер како позајмен играч.
За српската репрезентација одигра 20 натпревари и постигна три гола.