Со бурен аплуауз беше наградена претставата „Монтекти и Капулети “ на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, кои синоќа на сцената на Народниот театар Битола настапија во рамките на четвртото издание на интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“.
Претставата која е во режија на Руслан Кудашов презенираше поразлична естетика и специфично уметничко видување на култното дело за љубовта на Ромео и Јулија на Вилијам Шекспир.
Денеска на фестивалската програма е предвидена театарска работилица која ќе ја одржат гостите од Полска, а исто така ќе биде и промовирана книгата „Puppets panopticum-panopticum Shakespeare“ подготвена во 3Д-технологија.
На фестивалскиот репертоар, на сцената на Народниот театар во Битола, вечерва е уште еден настап на Куклениот театар од Бјалисток, Полска, овој пат со претставата „Хроника на принцот Х.“, во адаптација и режија на Јацек Малиновски.