Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Од:

Саудискиот принц Мохамед бин Салман побара средба со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун откако светската организација го разлути Ријад ставајќи ја на црна листа коалицијата која во Јемен ја предводи Саудиска Арабија поради, како што се наведува, убиства на деца во оваа земја, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.

Се очекува претставникот на саудиското кралско семејство Бин Салман во вторник да допатува во Њујорк на средби со бизнис лидери.

Дижарик потврди дека пристигнало официјално барање за состанок, додавајќи дека ОН се уште не одговориле на писмото испратено до Бан на 8 јуни.

Во извештајот на ОН за деца во оружените судири се наведува дека коалицијата, која ја почна акцијата во Јемен во март 2015 година со цел да ги порази Хутите кои се поддржани од Иран, е одговорна за 60 отсто случаи на убиени и повредени деца во конфликтот минатата година.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ

Арапската лига го отфрла курдскиот федерален проект во Сирија

Емир Латифовиќ