Актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер очекуваат второ дете.
Тоа го потврди потпаролот на славните актери кои веќе ја имаат 20-месечна ќерка – Вајат Изабел.
Двојката се запозна на снимањето на некогаш популарната серија „Луди седумдесетти“, но љубовта „пламна“ во април 2012 година, а две години подоцна, двојката се вериле.
Во октомври 2014 година стигна малата Вајат, а двојката се венча во јули 2015 година во Калифорнија. Тие живеат повлечен живот и за нив сите овие години нема скандали.
Мила девет години беше во врска со контраверзниот актер Меколи Калкин, додека Ештон беше во брак со Деми Мур од 2005 до 2011 година.