Актерот Кифер Сатерленд, најпознат по улогата на Џек Бауер во серијата „24“ во која уби 268 негативци, изјави дека досега неколку пати бил во затвор.
Последен пат тоа се случило во 2007 година, кога бил притвотен на 48 часа затоа што возел под дејство на алкохол.
– Работев глупави работи во животот. Но, затворот е на прво место. Веднаш откако зачекорив во него, го загубив достоинство, изјави 49-годишниот Сатерленд (49) во едноинтервју.
Тој сепак тврди дека сега „се довел во ред“ и дека се посветил на музиката.
Кифер наскоро ќе го издаде неговиот прв алубм со кантри музика „Down in a Hоle’te“, за кој вели дека има тема која „неможе да се опише“.