Човекот и неговата човечка послушност

Од:

Интересна работа, како што се наближуваат избориве, времево исто како и народот се загрева не попушта, а пола ноември сме.

Размислувајќи слободно без некој посебни напнатости, после сите дневни весници прочитани, се разбира и сите вести изгледани претходната вечер, на сите купени медиуми од власта, нус појава е да се изнервираш или малце да ти проработи совеста во мозочето дека нешто не чини и малце од малце да се растревожиш, али нели викаат „времето си го прави своето ги лечи раните“ па така и после сите овие случувања на оваа актуелна власт од скоро 7 години времето си го направи своето – не допира до мене.

Си седам смирен и размислувам за овој народ со кој ја делиме оваа мала а богата земјина површина – Македонија, толку малку сме што кога не броеле не запишале два милиони и тие сме што сме и кој сме али интересни човечки битиа сме, да, ние Македонците и само Македонците, не и останатите етнички малцинства кои се дел од ова наше весело распеано и разиграно општество.

Во ерата на демократијата почнавме да ја шириме омразата као што некогаш се ширеше шап и лигавката. Таа омраза излезе од машинеријата на сегашното античко-бароконо ВМРО предводено од бивши членови на СДСМ а сегашни најтврдокорни вмровци.

Тука веќе почнувам да ја согледувам големина на човековата глупост на македончето, една партија преку својата 100% медиумска машинерија обработува сценарио за омраза на својте дотогашни а сегашни бивши членови, кои некој од тие членови тие самите ги викаа херои на татковинксата борба, за да подоцна во својата брутално омразена кампања, почнуваат да ги нарекуваат предавници и криминалци, и не ме чуди фактот дека тоа е дел од менаџменотот на партијата туку ме зачудува човековата глупост и несоодветност, па пријатели замислите Македонците станаа предавници, а тие истите „предавници“ сега се по затвори и се судат за монтирани случаи, а овие што ги направија предавници потпишаа пакт со тие што кренаа рака и оружје врз оваа држава, тогашните ОНА, АНА и УЧК – сегашна ДУИ.

И сега партијата на власт не учи за предавници и херои, си го затвора својот народ, за возврат на колегите од другата страна ДУИ им ги амнестира членовите на партијата и ги вработува, а македончето седи дома гледа турски серии и ич око не му трепнува за ситуацијата пошто неговите родители му викаат да си седи мирен и смирен, и така младите што не се за партијата на власт седат дома преку ден, навечер на маалските клупи, а младите од партијата на власт пијат кафиња шетаат по кафани и ресторани и се горди што живеат во ерата на демократијата.

И така пријатели благодарејќи на оваа власт и оваа нивна ера на „демократија“ младиот човек во мојата татковина изумре пред стариот човек, тој млад човек остана „инвалид и неспособен“ зашто решил сам без партиска книшка да се снаоѓа или верувал дека ќе се вработи поради своето стекнато знаење во некој од образовните смерови на нашите факултети. Тој млад човек не знае за театар, тој млад човек не знае за спорт, тој млад човек не знае за книги, тој млад човек веќе не знае за младост зашто политиката во неговите ушиња влегува веќе во најраната возраст на негови 15 – 16 години.

Тој млад човек знае за се ама нема пари, државата не може да му обезбеди соодветно работно место според струката на неговото средно или високо образование, и така кафаните стануваат собиралишта на младиот човек на кој честа дебата е политиката, али пак тие барем дебатраат и без разлика што дебатата на тие деца им се сведува на тоа што слушаат по дома или на тв екраните, сепак дебатираат, за разлика од нашиот премиер кој зборува за демократија а се нема појавено на ниедна дебата или пак „Не дај Боже ТВ дуел“.

Очигледно само партијата на власт живее во демократија. Жалосно е кога гледаш млади луѓе заробени во староста по начинот на облекување и начинот на живот, станавме држава во кој на младиот човек му се диктира своето мислење, веќе нема млади луѓе со свој став во начинот на размислување, пријатели, тоа веќе одамна го нема, сега се знае еден човек мисли за сите членови на партијата.

Да не ја заборавиме дрогата и покрај борбата против корупцијата и криминалот младите се дрогираат ден ноќ, а и што друго да прават, обложувалниците преполни, коцкарниците исто, младиот човек и тоа како спортува, пријатели спортува дури и напорно му станува по три спорта дневно опфаќа:

1. обложувалница,
2. локални апарати и на крај
3. некоја лесна дрога, сепак создаваме иднина од за следните генрации на младите.

Пред некој ден одам во заводот за вработување да го продолжам мојот статус „невработен“ како магистер по Човекови Права и доаѓам кај мрзливите тетки што ги мрзи да зборуваат, а не да ти стават печат за продолжување на три месеци, и како по обичај јас доцнам некој 5 дена и ,,вредната,, тетка ми вика: дечко жал ми е за година дена дојдете повторно да се пријавите избришани сте од системот.

Ја погледнувам така нежно фино и задоволително и викам ама тетке ја не сум за работа тука, јас тука се пријавувам единствено само за здраствени плави картони, тука работа и така и така не очекувам да добијам, не од вас, со години сум во вашиот компјутер вие не сте се јавиле ниту еднаш да ме прашате дали сакам да работам па макар и плакати да лепам во изборна кампања за партијата на власт. Па сакам работа да, и тоа е работа нели слушам по 500 ден плаќале. Тетката ми кажа да не се секирам, дека картони ќе добивам, и пред да си ја соберам неупотребливата хартија во нареднава година од шалтерот и се обраќам на фината тетка, сакам едно прашање да поставам и таа нели фина како што ја викам ми вика повели: „Дали е ова некој интересен штос на партијава на власт за елиминирање на невработеноста во Македонија“?

Тетката на тоа ми одговара: „Па магистер си ти треба самиот да знаеш“. И така пријатели ја наведнав главата надоле не нагоре као што викаше Груевски порано: „Главата горе“, и си искочив на година дена од таа зграда!

Е па како горе премиере? Кажи ми како јас, Македонец, не можам да најдам работа во својата татковина, а ти на тоа ми викаш „Главата горе“. Во секој случај тој слоган нема никогаш да го заборавам мислам дека ќе се користи и после падот на оваа власт. И така пријатели, драги читатели мојата мисла тука завршува како и времево, си игра со расположението на луѓето но као што кажав на почетокот, времето си го прави секогаш своето ова е тоа време и ќе го живееме со главата гордо крената горе пошто секое време си има свој почеток и крај, но гордоста на човекот нема крај затоа ќе ја одржиме и ќе ги оставиме политичарите ако имаат барем малку грижа на совест да помислат на своите млади луѓе, заробени по маалските населби на 30 години како му робуваат на бетонот, а не на некој работодавец.

Ама да, кога ќе подрзасмислам малку сега во Агенцијата за вработувањје нема невработени, околу 120.000 млади луѓе се тргнати од таа листа на невработени. Дури сега сме држава наместо со најмала стапка на невработеност, со најмала стапка на позајменост во сите можни банки и со најмала стапка на необразованост. Пријатели, па може и не е се така сиво како што изгледа, може ова се само мисли кој се последица на денешново тмурно време!!!

Даниел Пауновски М-р по човекови права

Би можело да ве интересира

Груевски да биде изолиран, а не државата

Ана Ололовска

Третманот на прашањето за изградбата на гасоводот „Јужен тек“ во македонските медиуми

Ана Ололовска

Новинарска лекција: РЕПОРТАЖА

Ана Ололовска

Може ли да се украдат 200.000 гласови и зошто?

Ана Ололовска

Костова: Никола твојата последна битка за опстанок на ФОКУС е наш императив!

Ана Ололовска

Кога новинарите не прашуваат, лагата многу лесно станува вистина

Ана Ололовска