Поранешниот диктатор на Чад Хисен Хабре денеска судот во Судан го прогласи за виновен за злосторства против човештвото и го осуди на доживотна казна затвор.
– Хисан Хабре, овој суд ве прогласува за виновен за злосторства против човештвото, силување, присилно ропство и киднапирање, се наведува во пресудата што ја прочита претседатвачот со Специјалниот суд во Сенегал, Гбердао Гистав Кам.
Хавре е осуден за мачење и смрт на илјадници политички противници за време на неговото владеење, што почна од 1982 година.
Со пресудата е завршена 16-годишната борба на жртвите и борците за заштита на човековите права за Хабре да биде изведен пред судот во Сенегал, каде што тој побегна откако во 1990 година беше соборен од власт со државен удар.