Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Од:

Саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир го повика Иран да прекине со мешањето во внатрешните работи на Ирак, обвинувајќи го дека ги поттикнува верските судири во земјата. 

– Доколку Иран сака мир и стабилност во Ирак, треба да престане да се меша во таа земја и да се повлече од неа, изјави вчера Ал Џубеир на заедничката прес-конференција со британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во градот Џеда.

Сунитското кралство Саудиска Арабија и шиитската Исламска Република Иран се борат за влијание врз Блискиот Исток, особено во Ирак, Сирија и Јемен.

– Присуството на Иран во Ирак во каква и да е форма е неприфатливо, како што е неприфатливо и испраќањето војници од шиитските милиции во Ирак за да играат верска улога во таа земја, изјави саудискиот министер.

Тој го повика Иран да го почитува принципот на добрососедство и да не се меша во работите на земјите од регионот, а на прво место во Ирак.

Иран има воени советници во Ирак и Сирија, кои им помагаат на армиите на двете земји да се борат со вооружените групи, кои и се спротивставуваат на власта.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Арапската лига го отфрла курдскиот федерален проект во Сирија

Емир Латифовиќ