Голем дел од учесниците во Шарената револуција реагираат и најавуваат тужби за Нетпрес и сите провладини медиуми кои го пренесуваат текстот, поради тврдењето за наводното нивно “дебело плаќање да учествуваат во протестите“. Голем дел од нив експресно ги отфрлија ваквите тврдења нарекувајќи ги класични лаги.
Меѓу првите реагираше активистот Владимир Вангелов на написот во кој пишуваше: “Од Соросовите организации профитирал и редовниот демонстрант Владимир Вангелов кој во 2015 заработил 532,000 денари а во 2014, 168,000 денари.
“Абе абдали па на толку пари не ке одев со истите кошули од 2008 до денес“?, реагираше Вангелов.
Реагираше и Мариглен Демири за емитувањето на цел прилог на Сител, а во кој беше читан текстот на Нетпрес.
“Од наводите на Нетпрес, се чини, своето присуство на протестите најефтино го продал Мариглен Демири кој имал само неколку исплати од по 3398 денари“, тврди Нетпрес.
Љупчо Златев, сега… за ова ќе се извинуваш или ќе кркаш тужбиче?, напиша Демири.
За хајката на провладините медиуми кон активистите на протестите, реагираше и професорот Здравко Савески од Левицата, кој според провладините медиуми дебело заработил од тоа што учествувал на протестите . Наспроти тоа, Савески ја покажа годишната даночна пријава каде се гледа дека речиси немал никакви примања.
-На платниот список на соросовите организации е и Здравко Славевски од Левица кој заработи и пријава за нарушување на јавен ред и мир и оштетување на државниот имот. Тој за своите активности си заработувал по 3.398 денари од соросовата ЦСИД Форум, напишаа провладините во заедничкиот текст кој сите го емитуваат на нивните портали и телевизии.
-Еве му на #Кирир и курирци да видат колку јас заработив во целата 2015! Толку многу пари заработив што срам ми беше да ја поднесувам даночната пријава до УЈП! Тоа што тие можат да шират измислици без никако да одговараат кажува колку во Македонија НЕМА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО! И после… зошто сме протестирале?!
Ајде да го видам Грујо нека објави ТОЧНА листа на неговите примања. Па да видиме кој е за Македонија со срце, а кој е за личен интерес, напиша Савески.
Во оркестрираниот текст на провладините медиуми дел од имињата кои ги наведуваат дека се наводно платени, се и погрешно напишани.
Хистеријата која јазафати провладините медиуми ги натера во нарачана кампања од власта против сите што учествуваат во протестите, а сето тоа зачинето со теории на заговор за наводно платени демонстранти кои работеле за странски служби. Протестите се за аболираните функционери на власта и барањето тие да одговараат пред законот.