Ракометарките на Вардар доживеаја дебакл во полуфиналето на Лигата на шампионките. Македонските шампионки беа декласирани од романската екипа Букурешт од која загубија со шест гола разлика 27:21 во полуфиналниот меч од Фајнал-форот во Будимпешта.
По водството од 1:0, вардарки имаа очајни 13-минути во продолжението, период во кој примија дури седум, а не постигнаа ниту еден гол, за негатива шест гола (7:1), а на полувремето заминаа со пет гола негатива 14:9.
И наместо да се консолидираат редовите, во вториот дел црвено-црните одиграа уште полошо, па во еден момент на противникот му дозволија и двојно поголема предност 22:11. До крајот на натпреварот дебитантот на завршниот турнир рутинирано ја одржувате предноста и на крајот оствари заслужена победа со 27:21.