Кастратовиќ: Одиме за Будимпешта многу мотивирани

Од:

Тренерот на ЖРК Вардар, Индира Кастратовиќ по последниот тренинг во Скопје пред тргнувањето за Будимпешта на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, истакна дека нејзините ракометарки имаат огромна желба за успех.

– Најважно е што сите во екипата се здрави и спремни за игра. Имавме доволно време за да се подготвиме, работевме квалитетно и едвај чекаме да отпатуваме за Будимпешта и да почне првиот натпревар. Анализиравме многу, знаеме против кого играме и нема никого да потценуваме. Имаме игра за да се спротивставиме и за мене многу важно е што сите девојки се многу мотивирани и имаат огромна голема желба да успееме да отидеме чекор подалеку. Нема да се штедиме и ќе играме со срце, до максимум на нашите можности, изјави Кастратовиќ.

Вардарки претпладнево во 11:15 летаат кон Виена, а потоа со автобус одат за Будимпешта каде ќе одработат два тренинга. Полуфиналето со ЦСМ Букурешт се игра в сабота во 17:45 часот.

Би можело да ве интересира

Две дами ќе го предводат ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Утре ЖРК Спартак во Кисела Вода ќе ги одмери силите со ЖРК Вардар

Ана Ололовска

Дибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќа

Ана Ололовска

Уште еден „цепелин“ на Лакрабер и Лекиќ во ТОП 5 голови во ЛШ

Ана Ололовска

Познати сите учесниците на „фајнал-фор“ турнирот во Будимпешта

Ана Ололовска

Четири вардарки во конкуренција за „Ол стар“ тимот на ЛШ

Ана Ололовска