Вељаноски: Нема уставна можност за свикување седница

Од:

Секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија.

Тоа го наведува претседателот на Собранието Трајко Вељановски во реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев на која меѓу другото беше побарано свикување пленарна седница на Собранието за одложување на распишаните избори за 5 јуни.

Вељаноски го цитира член 63, став 6 од Уставот во кој се наведува дека „Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници“ и потенцира дека во контекст на оваа уставна одредба пратениците од осмиот состав на македонскиот Парламент, таква одлука со значително мнозинство веќе донесоа, односно тие се распуштија. Тоа, посочува Вељаноски, во суштина значи дека какво било свикување на седница на која би присуствувале пратеници кои самите веќе донеле одлука за свое распуштање е во целосна спротивност со Уставот како највисок правен акт во државата.

– Во оваа смисла, сакам да и’ укажам на македонската јавност дека највисоката институција за оценка на уставноста – Уставниот суд уште пред една деценија има расправано и одлучувано во врска со споменатото прашање при што, крајно логично заклучува дека, цитирам: „со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста“. Врз основа на споменатото, повеќе од јасно е дека уставните норми што се однесуваат на почетокот, траењето и завршувањето на мандатот на пратениците се сосема јасни и недвосмислени, при што секое свикување седница на веќе распуштено Собрание, би претставувало грубо кршење на Уставот на Република Македонија, наведува Вељаноски во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Вељаноски упати честитка по повод Велигден

Емир Латифовиќ

Вељаноски до Иванов: Не сум побарал и нема за што да бидам аболициран

Емир Латифовиќ

Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската азбука

Емир Латифовиќ

Вељановски: Ниту една политичка бомба нема толку чад за да се замаглат вистинските дела

Емир Латифовиќ

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не и кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Емир Латифовиќ